Кириева температура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во физиката и науката за материјалите, Кириева температура (TC), или Кириева точка, е температура над која одредени материјали ги губат своите трајни магнетни својства, кои (најчесто) можат да се заменат со индуцирана магнетизција. Кириевата температура е именувана по Пјер Кири, кој покажал дека на критична температура се губат магнетните својства.[1]

Силата на магнетизација зависи од магнетниот момент, двополен момент во атомот кој произлегува од аголниот момент и спинот на електроните. Материјалите имаат различна структура на внатрешни магнетни моменти кои зависат од температурата; Кириева температура е критичната точка во која внатрешните магнетни моменти на материјалот ја менуваат насоката.

Постојаната магнетизиција настанува поради порамнувањето на магнетните моменти, а индуцираната магнетизација настанува кога нарушените магнетни моменти се принудени да се усогласат во применето магнетно поле. На пример, подредените магнетни моменти (феромагнетизација, Слика 1) на Кириевата температура се менуваат и стануваат безредни (парамагнетизација, слика 2). Повисоката температура ги ослабнува магнетите затоа што спонтаната магнетизација се јавува само под Кириевата температура. Магнетната суспектибилност над Кириевата температура може да се пресмета со Кири-Вајсовиот закон, кој е изведен од Кириевиот закон.

Аналогно на феромагнетните и парамагнетните материјали, Кириевата температура може да се користи и за да се опише фазниот премин од фероелектрицитет во параелектрицитет. Во овој контекст, граничниот параметар е електричната поларизација која од конечна вредност оди на нула при зголемување на температурата над Кириевата температура.

Remove ads

Кириева температура на материјалите

Повеќе информации Материјал, Кириева температура (К) ...
Remove ads

Магнетни моменти

Магнетните моменти се постојани диполни моменти во еден атом кои го сочинуваат аголниот момент и спинот на електронот [5] преку односот μl = el/2me, каде што me е масата на електронот, μl е магнетниот момент, а l е аголниот момент; овој однос се нарекува жиромагнетен однос.

Електроните во еден атом придонесуваат за магнетни моменти со нивниот аголен момент и со нивниот орбитален импулс околу јадрото. Магнетните моменти од јадрото се незначителни во споредба со магнетните моменти од електроните.[3] При зголемување на температурата електроните со повисока енергија го нарушуваат редот и усогласувањето помеѓу диполите.

Феромагнетните, парамагнетните, феримагнетните и антиферомагнетните материјали имаат различна внатрешна структура на магнетен момент. При одредена Кириева температура на материјалот (TC), овие својства се менуваат. Преминот од антиферомагнетна во парамагнетна (или обратно) се случува на Нелова температура (TN), која е аналогна на Кириевата температура.

Повеќе информации Под TC, Над TC ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Користена литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads