Киселинска дисоцијациска константа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во хемијата и биохемијата, киселинска дисоцијациска константа (Ka) е специфичен вид на рамнотежна константа што укажува на степенот на дисоцијација на водородните јони во киселина. Рамнотежата е онаа на протонскиот трансфер од киселина, HA, до вода:

HA(aq) + H2O(l) → H3O+(aq) + A(aq)
Thumb
Оцетна киселина, слаба киселина, донира протон (водороден јон, обележан со зелена боја) на вода во реакција на рамнотежа за формирање ацетат јон и хидрониум јон .

Рамнотежата често се пишува како "H+(aq)", што ја рефлектира Бренстед-Лауриевата теорија за киселините:

HA(aq) → H+(aq) + A(aq)

Бидејќи оваа константа се разликува за секоја киселина и е многу варијабилна, киселинската константа е често презентирана од адитивната инверзија на нејзиниот логаритам:

pKa = −log10 Ka

Со употреба на киселинската дисоцијациска константа може да се одредат концентрацијата на киселината, нејзината конјугирана база, протоните и хидроксидите. Ако некоја киселина е делумно неутрализирана, Ka исто така моѓе да се користи за пронаоѓање на pH вредноста на добиениот пуфер.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads