Кичевско архијерејско намесништво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кичевско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво, едно од петте намесништва при Дебарско-кичевската епархија, а го носи називот според градот Кичево во кое се наоѓа седиштето.[1] Соборен храм и седиште на Кичевското архијерејско намесништво е храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево. Ова намесништво е составено од 5 парохии со 92 изградени цркви (ако се земат оние кои се изградени по 2017 година ќе бидат околу 95).[2] Кичевски архиерејски намесник е протоерејот Стевчо Тошевски, а старешина на Соборниот храм: „Свети апостоли Петар и Павле“ е ерејот Александар Матески.[3]
- Парохии.
Намесништвото е составено од 5 парохии со одлука број 65 од 11.II.2011 година, а со важност од 01.III.2011 година, а тоа се:
- Прва кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Александар Матески);
- Втора кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник);
- Трета кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - протоереј Стевчо Тошевски);
- Четврта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Ристо Камбуроски);
- Петта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник).[4]
Оваа парохија моментално ја опслужуваат тројца свештеници: протоереј Стевчо Тошевски, ереј Ристо Камбуроски и ереј Александар Матески. Има и уште еден свештеник без парохија, а тоа е ереј Александар Крстаноски, којшто е доктор на науки и моментално е доцент на Православниот богословски факултет.
Remove ads
Официјална страница
Официјална Facebook страница на Кичевското архиерејско намесништво е: https://www.facebook.com/kicevska.parohija/.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads