Класификација на Конгресната библиотека

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Класификацијата на Конгресната библиотека (англ. Library of Congress Classification, LCC) — систем на библиотечна класифијација на Конгресната библиотека - државната библиотека на САД. Се користи од највеќето истражувачки и академски библиотеки во САД и неколку други земји како Австралија[1][2] и Тајван.[3] Највеќето јавни библиотеки и помалите академски библиотеки ја користат Дјуиевата децимална класификација (ДДК, т.е. DDC).[4]

Оваа класификација е создадена во 1897 г. од Херберт Патнам, кој ја разработил веднаш пред да стане библиотекар на Конгресот. Патнам ја осмислил класификацијата следејќи ги советите на истакнатиот библиотекар Чарлс Еми Катер и под влијание на Катеровата експанзивна класификација и ДДК. Предвидена е наменски за потребите на прибирањето и подредувањето на материјали во Конгресната библиотека. Ова бил нов систем, замена за дотогашниот „систем на утврдено место“ осмислен од Томас Џеферсон. Со заминувањето на Патнам во 1939, сите класи освен K (Право) и делови од B (Филозофија и Религија) биле добро развиени. Системот трпи критика дека нема солидна теоретска основа; класификацијата е оформена за да им служи на практичните потреби на библиотеката и не ги следи вообичаениот епистемолошки начела.

Иако предметите (темите) се делат во опширни категории, класификацијата во основа има наброителен карактер. Предвидена е да упатува до книгите што ги има библиотеката, а не како класификација на светот во целина.

Системот на класификација на Националната медицинска библиотека (NLM) ги употребува неискористените букви од оваа класификација: W и QSQZ. Некои библиотеки ја користат NLM заедно со LCC, изоставувајќи ја класата R (Медицина) на LCC. Други пак, го претпочитаат распоредот QPQR на LCC, вклучувајќи го заглавието Медицина R.

Remove ads

Системот

Thumb
Книги за програмирање во јазикот Java - поткласа QA.
Повеќе информации Буква, Предмет ...

Класа A - Општи дела

  • Поткласа AC - Збирки. Сериски дела. Собрани дела
  • Поткласа AE - Енциклопедии
  • Поткласа AG - Речници и други прирачни дела
  • Поткласа AI - Индекси
  • Поткласа AM - Музеи. Колекционери и колекционерство
  • Поткласа AN - Весници
  • Поткласа AP - Периодика
  • Поткласа AS - Академии и научни друштва
  • Поткласа AY - Годишници. Алманаси. Именици
  • Поткласа AZ - Историја на научниот труд и учењето. Хуманитарни науки

Класа B - Филозофија, Психологија, Религија

Класа C - Помошни науки на историјата (општо)

Класа D - Светска историја (освен американската историја)

Класа E и F - Американска историја

Класа F - Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска Америка

Класа G - Географија, Антропологија, Разонода

Класа H - Општествени науки

Класа J - Политички науки

  • Поткласа J - Општи трудови за законодавството и извршната власт
  • Поткласа JA - Политички науки (општо)
  • Поткласа JC - Политичка теорија
  • Поткласа JF - Политички установи и јавна администрација
  • Поткласа JJ - Политички установи и јавна администрација (Северна Америка)
  • Поткласа JK - Политички установи и јавна администрација (САД)
  • Поткласа JL - Политички установи и јавна администрација (Канада, Латинска Америка итн.)
  • Поткласа JN - Политички установи и јавна администрација (Европа)
  • Поткласа JQ - Политички установи и јавна администрација (Азија, Африка, Австралија, Тихоокеанско подрачје итн.)
  • Поткласа JS - Локална самоуправа. Општинска самоуправа
  • Поткласа JV - Колонии и колонизација. Емиграција и имиграција. Меѓународна миграција
  • Поткласа JX - Меѓународно право (застарено, сега под JZ и KZ)
  • Поткласа JZ - Меѓународни односи

Класа K - Право

  • Поткласа K - Право, воопшто. Споредбено и општоприсутно право. Судска пракса
  • Поткласа KB - Верско право воопшто. Споредбено верско право. Судска пракса
  • Поткласа KBM - Еврејско право
  • Поткласа KBP - Исламско право
  • Поткласа KBR - Историја на канонското право
  • Поткласа KBU - Право на Римокатоличката црква. Света Столица
  • Поткласи KD-KDK - Обединето Кралство и Ирска
  • Поткласа KDZ - Америка. Северна Америка
  • Поткласа KE - Канада
  • Поткласа KF - САД
  • Поткласа KG - Латинска Америка - Мексико и Средна Америка - Западни инди. Карипско подрачје
  • Поткласа KH - Јужна Америка
  • Поткласи KJ-KKZ - Европа
  • Поткласи KL-KWX - Азија и Евроазија, Африка, Тихоокеанско подрачје и Антарктика
  • Поткласа KZ - Меѓународно право

Класа L - Образование

  • Поткласа L - Образование (општо)
  • Поткласа LA - Историја на образованието
  • Поткласа LB - Теорија и практика на образованието
  • Поткласа LC - Посебни аспекти на образованието
  • Поткласа LD - Поединечни установи - САД
  • Поткласа LE - Поединечни установи - Америка (освен САД)
  • Поткласа LF - Поединечни установи - Европа
  • Поткласа LG - Поединечни установи - Азија, Африка, Индоокеански острови, Австралија, Нов Зеланд, Тихоокеански острови
  • Поткласа LH - Високообразовни и средношколски списанија и весници
  • Поткласа LJ - Студентски братства и друштва, САД
  • Поткласа LT - Учебници

Класа M - Музика

  • Поткласа M - Музика
  • Поткласа ML - Музичка литература
  • Поткласа MT - Настава и изучување

Класа N - Ликовна уметност

Класа P - Јазик и книжевност

Класа Q - Наука

Класа R - Медицина

Класа S - Земјоделство

Класа T - Технологија

Класа U - Воена наука

  • Поткласа U - Воена наука (општо)
  • Поткласа UA - Војска: Организација, распределување, воена ситуација
  • Поткласа UB - Раководење со војската
  • Поткласа UC - Воено одржување и превоз
  • Поткласа UD - Пешадија
  • Поткласа UE - Коњица. Оклоп
  • Поткласа UF - Артилерија
  • Поткласа UG - Воено инженерство. Воено воздухопловство
  • Поткласа UH - Други воени служби

Класа V - Поморска наука

  • Поткласа V - Поморска наука (општо)
  • Поткласа VA - Морнарици: Организација, распределба, поморска ситуација
  • Поткласа VB - Поморско раководење
  • Поткласа VC - Поморско одржување
  • Поткласа VD - Воени морнари
  • Поткласа VE - Поморска пешадија
  • Поткласа VF - Бродско наоружување
  • Поткласа VG - Споредни служби на морнариците
  • Поткласа VK - Морепловство. Трговска морнарица
  • Поткласа VM - Бродска архитектура. Бродоградба. Поморско инженерство

Класа Z - Библиографија, Библиотекарство

  • Поткласа Z - Книги (општо). Пишување. Палеографија. Книжни дејности. Библиотеки. Библиографија
  • Поткласа ZA - Извори на информации (општо)
Remove ads

Поврзано

  • ICCN - контролен број на Конгресната библиотека
  • Дјуиева децимална класификација
  • Универзална децимална класификација
  • ISBN

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads