Клајпеда

град во Литванија From Wikipedia, the free encyclopedia

Клајпедаmap
Remove ads

Клајпеда (литвански: Klaipėda; германски: Memel) — најголем приморски град и најголемо пристаниште во Литванија сместен на устието на реката Дане, која се влева во Балтичкото Море. Претставува трет најголем град во Литванија и е административно седиште на истоимениот округ.

Кратки факти Клајпеда, Држава ...

Градот има сложена историја, делумно поради огромното регионално значење на пристаништето, кое не замрзнува во текот на зимата. Бил контролиран од Тевтонските витези, Војводството Прусија, Кралството Прусија, Германското Царство, земјите на Антантата веднаш по Првата светска војна, Литванија како последица на буната во 1923 и Третиот Рајх по германскиот ултиматум до Литванија во 1939. Градот бил припоен кон Литванија во текот на нејзиното основање како советска социјалистичка република и останал во Литванија и по нејзиното повторно основање како независна држава.

Бројот на население опаднало од 207.100 во 1992 на 157.350 во 2014. Во близина на градот се наоѓаат популарни приморски одморалиште, градот Нида на југ на Курскиот Провлак и Паланга на север.

Remove ads

Спорт

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads