Клопенбург

From Wikipedia, the free encyclopedia

Клопенбургmap
Remove ads

Клопенбург (германски: Cloppenburg; долногермански: Cloppenborg; затерландски фризиски: Kloppenbuurich) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 38 километри југозападно од градот Олденбург.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Клопенбург во рамките на округот Клопенбург ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Клопенбург се наоѓа во областа Олденбуршки Минстерски крај помеѓу Оснабрик и Олденбург.

Градски единици

Градот Клопенбург се состои од градското јадро и од осум единици:

  • Амбирен/Шмертхајм
  • Бетен
  • Емштекерфелд
  • Галгенмор
  • Келерхее
  • Штатсфорстен
  • Штернбуш
  • Фарен/Штапелфелд

Стопанство

Градот е средиште на главно земјоделската област во јужниот дел на Клопенбург. Градот е административно седиште и во него се наоѓаат повеќе училишта.

Туризам

Една од главните туристички знаменитости на Клопенбург е музејското село „Клопенбург“, повеќе стари градби од областа кои биле расклопени и поставени во музејот.

Политика

Градски совет

Thumb
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[3]

Градоначалник

Моментален градоначалник на градот Клопенбург е Најдхард Фарнхорн.

Список на досегашни градоначалници
  • Игнац Фајгел (1855–1922)
  • Бернхард Хојкамп (1884–1946)
  • Георг Веслинг (1889–1974)
  • Волфганг Визе (2001-2021)
  • Најдхард Фарнхорн (од 2021)

Збратимени градови

Клопенбург е збратимен со следниве градови:[4]

Познати луѓе

  • Георг Веслинг (1889–1974) — политичар, градоначалник на Клопенбург
  • Вернер Баумбах (1916–1953) — пилот
  • Јуп Дервал (1927–2007) — фудбалер и тренер
  • Манфред Запатка (р. 1942) — глумец
  • Манфред Хелман (р. 1962) — фудбалер
  • Лена Герке (р. 1988) — модел
  • Бернд Гердес (р. 1989) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads