Клуч (брава)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клуч[1][2] — направа што се користи за отклучување или заклучување на брава или катанец. Типичен клуч се состои од: сечило (кое се вовлекува во клучалката), рамо и глава (делот што го држи корисникот кога ја заклучува или отклучува бравата). Сечилото обично се прави посебно така што отвора неколку или само една брава. Главата треба да биде доволно голема за да обезбеди вртење на клучот.


Клучевите обезбедуваат многу евтина, иако не совршена, контрола врз влезот, на пр. во возила или згради. Во денешниот современ свет, клучевите станаа суштински елемент и се широко користени.
Remove ads
Историја
Забележано е дека клучот го измислил Теодор од Самос, во 6 век пр. н. е. Исто така, дрвените брави и клучеви биле користени уште во древниот Египет, пред 4.000 години.
Типови клучеви
Денес постојат многу различни типови клучеви:
- Куќни клучеви
- Автомобилски клучеви
- Главни клучеви (отвораат неколку брави)
- Контролни клучеви
- Транспондерски клучеви (се користат за стартување, на пр., машини)
- Двострани клучеви
- Четиристрани клучеви
- Парацентрични клучеви
- Разделени клучеви
- Клучеви со вдлабнатина
- Цевни клучеви
- Цајс клучеви (варијација помеѓу куќен и цевен клуч)
- Клучеви што не можат да се дуплираат
- Ограничени клучеви (се продаваат во ограничени количини)
- Магнетни клучеви
- Картички за заклучување
Калауз
Калауз е клуч чија намена е да отвора повеќе брави од ист тип.
Remove ads
Клучот како тема во уметноста
- „Клуч“ — кус расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески.[3]
- „Клуч“ (српски: Кључ) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[4]
- „Клуч“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
- „Клуч“ (хрватски: Ključ) — југословенски омнибус-филм од 1965 година, во режија на Ванча Кљаковиќ, Крсто Папиќ и Антун Врдољак.[6]
- „Шпански клуч“ (англиски: Spanish Key) — композиција на американскиот џез-музичар Мајлс Дејвис од 1970 година.[7]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads