Згрутчување на крвта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Една од функциите на крвта е коагулацијата т.е. згрутчување на крвта. Таа е една од етапите на хемостазата. Се отстварува со учество на тромбоцитите на крвта кои имаат примарно значење при крвавење. Мошне сложен каскаден процес на реакции. Учествуваат 12 фактори на коагулација кои се активираат ензимски од претходниот фактор. Кога како резултат на повреди крвта ќе биде во контакт со некое друго ткиво, или пак во допир со воздухот, тромбоцитите пукаат. Тогаш под дејство на ензимот тромбин се создаваат белковински материи во форма на тенки нишки кои како мрежа се испреплетуваат. На оваа мрежа се залепуваат црвени и бели клетки при што се создава засирок или тромб кој како чеп го затвора оштетениот крвен сад. При создавањето на засирокот се одделува бистра жолтеникава течност - крвен серум. Коагулацијата е многу значаен механизам на заштита на организмот од неконтролирано губење крв при повреда на крвните садови.

Remove ads
Историја
Теории за коагулацијата на крвта постоеле уште од античко време. Физиологот Јоханес Милер (1801–1858) го опишал фибринот, главната компнента на тромбот. Неговиот растворлив претходник, фибриногенот, бил именуван од Рудолф Вирхов (1821–1902), и хемиски изолиран од Проспер Силвен Денис (1799–1863). Александар Шмит претпоставил дека претворањето на фибриноген во фибрин е резултат на ензимски процес, и го означил хипотетичкиот ензим „тромбин“, а неговиот претходник „протромбин“.[1][2] Артус во 1890 открил дека калциумот е од суштинско значење во процесот на коагулација.[3][4] Тромбоцитите биле идентификувани во 1865, а нивната функција ја разјаснил Џулио Бизозеро во 1882.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads