Кобилица (планински врв)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кобилица — врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри[1] и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.
Remove ads
Местоположба
Поврзан е со Црн Врв на североисток преку кобиличкиот премин (2.170 м), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот Вртоп.
Изглед
Опишувајќи ги врвовите на Шар Планина во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Кобилица запишал дека е стрмен, совршено мазен правилен конус, до самиот врв покриен со зелени тревници[2]. Изгледот на овој врв, иако опфаќа величествен планински поглед на предели и пејзажи, не е толку значителен како од врвот Љуботен, бидејќи го ограничуваат врвовите коишто го опкружуваат[2].
Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и Тетовски Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Се гледа од Тетово и од Призрен.
Remove ads
Искачување
Врвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање.
Галерија
- Поглед кон Кобилица
- Кобилица видена од Тетово
- Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
- Поглед на Кобилица
- Поглед на Кобилица со целит гребен од североисток
- Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
- Поглед на Кобилица
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads