Ковчези (Долно Ѓуѓанци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ковчези — светилиште и некропола од доцноантичко време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. На околу 3 км источно од селото се наоѓа високо плато со надморска височина од 601 м, со површина од 200 × 100 м, опкружено со стрмни падини. На највисоката точка на висорамнинката има четири дупки исклепани во карпа, со пречник од 0,55 м и со длабочина од 0,05 м, распоредени во приближно четвртеста основа од 8 × 7 м, а на средината меѓу нив има уште една помала дупка. Веројатно се работи за лежишта на дрвени колци што носеле покривна конструкција од некаков отворен сакрален објект во кој во централната дупка, се вршела либација. Западно од оваа дупка се наоѓа гроб, исто така издлабен со димезии од 1,93 × 0,85 м, длабок 1,13 м, што се стеснува кон дното, поставен во правец север-југ. Во наоѓалиштето се наоѓаат уште четири гроба издлабени во карпата, кои се отворени од диви копачи. Посебно е интересен гробот обележен како гроб бр. 3, со димензии од 2,05 × 1,74 м, кој има ниша со натписно поле над која релјефно се претставени два лава свртени еден кон друг[1].

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads