Козлодуј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Козлодуј
Remove ads

Козлодуј (бугарски: Козлодуй) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Козлодуј во Врачанската Област. Има население од околу 12.467 жители (2022).[1]

Кратки факти Козлодуј Козлодуй, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Козлодуј се наоѓа во Дунавската Рамнина, на 7 километри од устието на реката Огоста во реката Дунав, во плодната житница на Бугарија, наречена „Златија“.

Историја

Најраните официјални податоци покажуваат дека Козлодуј бил населен во 16 век. Во 18 век населбата била означена како Котозлук и Козлудере, а подоцна и Козлодуј.

На 17 мај 1876 година четата на бугарскиот револуционер Христо Ботев слезла од паробродот „Радецки“ на брегот во Козлодуј.

На 6 април 1970 година започнала изградбата на Првата атомската централа „Козлодуј“ [2] која е главен работодавец во градот.

Remove ads

Јавни институции

  • Паробродот музеј „Радецки“
  • Дом на енергетскиот работник
  • Читалиште „Христо Ботев“

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads