Козметички техничар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Козметика (грчки: ‘’cosmos’’) е вештина на разубавување или украсување. Козметиката се појавува уште во праисторијата. Низ историјата, вредноста, интересот и потребата за козметиката се менувала, заедно со општествено-економските промени. Почетоците на естетско и надворешно уредување кај човекот се поврзани со верските обреди, во одредено време и прилика, кое подоцна било прифаќано како секојдневие. Во старите записи од периодот пред почетокот на новата ера, се наоѓаат сведочења за користење на различни билки и физички агенси, како што се облоги, бањи, масажи, вежби и сл. со цел да се одржат вредностите и одликите на физичкиот изглед на човекот. Козметиката се развивала и била користена во Римското Царство, каде за првпат се среќаваме со професијата козметичар.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Средства во козметиката
Средства кои се користеле за таа цел биле разни суровини од растително,животинско и минерално потекло.Најчесто се користеле растително масло,мед,корења од растенија и слично.Во козметиката спаѓаат:крем за заштита на кожата,пудри,лосиони,ружеви,лак за нокти,парфеми,фарби за коса,спрејови и гелови за коса,дезодоранси.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads