Кокичиња
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фамилијата на кокичиња (на лат. Amaryllidaceae) вклучува многугодишни, монокотиледонски, цветни тревести растенија. Одредени членови порано погрешно се сместувани во фамилијата на лилјаните (Liliaceae). И денес во однос на овие две фамилии постојат недоразбирања, но според современата класификација, родовите во нив веќе се строго подредени. Постојат и случаи кога некои родови се мешаат со фамилијата на Лукови (Alliaceae). Едни од најпознатите претставници се нарцисот и кокичето. Повеќето кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Меѓутоа, некои од видовите се загрозени и се заштитени со закон. Такво растение е, на пример, ворслејата. Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета - таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш пустини), но ги има и по влажни предели. Други цветаат по стопувањето на снеговите на планините.
Remove ads
Опис

Најчесто подземниот орган (корен) на кокичињата е многу ситна (кокиче) или доста голема (Хипеаструм) луковица. Листовите се зелени, мембранести, без лисна дршка и со паралелна нерватура. Цветовите се со различна големина и доста разновидни. Обично се со пријатен мирис.
Remove ads
Класификација
Во фамилијата Amaryllidaceae спаѓаат следните родови:
|
|
|
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads