Кокошковидни
ред птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кокошковидни (науч. Galliformes) — ред птици со крупно тело, каде спаѓаат: кокошките, мисирките, тетребите, фазаните и еребиците. Името им доаѓа од лат. "gallus," — петел. Во овој ред има околу 290 вида птици распространети низ целиот свет. Некои од нив со тек на време станале домашна живина.
Remove ads
Опис
Големината на овие птици варира од 12,5 до 120 см и тежина од 28 g до 14 кг. Повеќето кокошковидни се птици со дебелко тело, дебел врат и средно долги нозе и имаат кратки заоблени крила. Иако многу од нив се лоши летачи, сепак не постои вид од овој ред што не може да лета. Возрасните мажјаци често имаат една или неколку остри мамузи на секоја нога кои ги користат во борба. Половиот диморфизам е изразен кај повеќето видови. Кокошковидните се обично седентарни птици, но има некои од помалите видови, како потполошката која е преселница. Се хранат со растенија, но почесто се сештојади, и тие видови се набиени со кратки и дебели клунови. Младенчињата се хранат со инсекти. Кокошковидните обично се полигамни и несат по повеќе од 10 јајца. Младенчињата многу брзо растат.

Семејства и потсемејства
- семејство † Paraortygidae
- семејство † Quercymegapodiidae
- семејство † Sylviornithidae
- семејство Megapodidae — тумбарки
- семејство Cracidae — краксови
- натсемејство Phasianoidea
- семејство † Gallinuloididae
- семејство Odontophoridae — забоклуни потполошки
- семејство Numididae — бисерки
- семејство Phasianidae — фазани, еребици и сродници
- потсемејство Arborophilinae
- потсемејство Coturnicinae
- потсемејство Pavoninae
- потсемејство Gallininae
- потсемејство Meleagridinae — мисирки
- потсемејство Perdicinae
- потсемејство Tetraoninae — тетреби
- потсемејство Phasianinae — вистински фазани
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads