Коле Младеновски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коле Стојанов Младеновски (20 октомври 1923 во Шопско Рударе — 12 декември 1944 во Гнилане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Произлегува од средноимотно селско повеќечлено семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште во родното место, останал кај родителите да им помага во земјоделието и сточарството. По капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, бил регрутиран од бугарскиот окупатор. По отслужување на воениот рок, тој се вратил во своето родно место. На 9 септември 1944 година, кога во неговото село престојувале единиците на НОВ, заедно со уште други младинци од селото пристапиле во Народноослободителната војска на Македонија, најпрво во Месната команда во Кратово, па во Седумнаесеттата македонска ударна бригада,[2] а подоцна и во составот на Третата македонска ударна бригада.[1] Учествувал во повеќе борби до конечното ослободување на Македонија, каде покажал посебен хероизам. Загинал во една борба во близината на Гнилане на 12 декември 1944 година.[2] Според друга верзија, сметано е дека загинал во една борба против балистичките банди и Германците, во близина на селото Шишево.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads