Колонизација на Марс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колонизација на Марс
Remove ads

Хипотетичката колонизација на Марс вроди интерес кај јавни вселенски агенции и приватни корпорации, како и обемно внимание во научнофанатастични написи, филмови и други видови на уметност.

Thumb
Уметничко поимање на човечка база на Марс, со пресека која открива внатрешен градинарски простор

Повеќе организации имаат предложено планови за човечка мисија на Марс, прв чекор кон какви било напори за колонизација, но ниту една личност нема стапнато на планетата. Сепак, земјопоседници и ровери успешно ја истражувале планетарната површина и имаат доставено информации за состојбите на теренот.

Причините за колонизирање на Марс вклучуваат чиста човечка љубопитност; откривање на потенцијалот на луѓето за обезбедување повеќе длабински истражувачки набљудувања од оние кои би ги дале беспилотните ровери; економски интерес за ресурсите на планетата, и можноста со населување на други планети да се намали веројатноста за појава на човечко истребување.

Тешкотиите и опасностите на ваквите напори вклучуваат изложеност на зрачење, токсична почва, мала гравитација, изолацијата што ја придружува растојанието на Марс од Земјата, недостаток на вода и студени температури.

Најновите заложби за истражување на постојаното населување се оние од јавните вселенски агенции - НАСА, ЕСА, Роскосмос, ISRO и CNSA и приватни организации - SpaceX, Локхид Мартин и Боинг.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads