Колоноскопија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колоноскопија
Remove ads

Колоноскопија — медицински ендоскопски терапевтски и дијагностички метод, при кој лекарот ја испитува и проценува состојбата на внатрешната површина на дебелото црево со помош на ендоскоп.[1] Колоноскопијата овозможува визуелно дијагностицирање на воспалителни болести на цревата (чирав колитис, Кронова болест и други), потслузни и епителни новообразувања (полипи, тумори) и дивертикулоза.[2][3]

Thumb
Се извршува колоноскопија
Remove ads

Начин на примена

Овој зафат е многу сложен и напорен и затоа може да го вршат само многу искусни и вешти ендоскописти. Пред да се примени овој метод, неопходно е да се подготви дебелото црево за испитување. Лицето врз кое ќе се примени методот ќе ги изврши пропишаните подготвителни дејства што траат од 12 до 18 часа, а кои се состојат во следење на соодветна исхрана. Најчесто на човекот му се наложува да пие само вода и течности што не содржат влакна од 12 до 18 часа. Можат да се препишат и прочистувачки средства. Од него, исто така, може да се побара да се воздржи од употреба на аспирин или други лекови што содржат салицилати со цел да се спречи можното крварење за време на примената на методот или подоцна. Пред самата колоноскопија на лицето му се дава лек што ги опушта цревата и истовремено ја намалува болката што го прави прегледот помалку непријатен, а во некои центри овој метод се изведува под краткотрајна анестезија.

Remove ads

Опрема

Опремниот кабинет вклучува видеоколоноскоп со видеопроцесор и монитор, електрохируршки апарат, иригациска пумпа, инсуфлатор за воздух или CO2 и аспиратор за течности.

Низ колоноскопот можат да се пренесат штипки за биопсија, јамки за полипектомија, апликатори со штипки, вбризгувачи, ножеви за секцирање и многу други инструменти.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads