Команчејски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Команчејскиот е нумиски јазик од групата на јутоацтечки јазици. Јазикот е мајчин јазик на Комачејците, американски староседелски народ кој денес живее во Оклахома. Овој јазик се одделил од шошонскиот штом овој народ се преселил југозападно во државата. Ова се случило некаде во 1705 година. Поради тоа, команчејскиот и шошонскиот се многу слични, со мали фонолошки разлики.[1][2]
Името на јазикот потекнува од зборот kɨmantsi што значи „непријател, странец“.[3] Самиот народ го именува јазикот како nʉmʉ tekwapʉ што значи "„јазик на народот“".[4]
Remove ads
Состојба
Денес постојат напори за оживување на јазикот, поточно преживување, бидејќи неговите говорници претежно се стари. Во 19 век команчејските деца се праќале во училишта каде не им било дозволено употреба на команчејски, па дури и биле казнувани. Подоцна, генерациите израснувале со англискиот, со помислата дека подобро е да не знаат команчејски.
За време на Втората светска војна команчејскиот во одреден степен нашол корисна употреба. Група од 17 момчиња биле тренирани и ангажирани од војската на САД како испраќачи на кодови на команчејски јазик, кодови кои имале чувствителна содржина. Целта била да не се разотријат информациите од страна на непријателите, во тој случај Нацистите и империјалните јапонски војници.
Според податоците од јули 2013 година, имало околу 25 до 30 говороници. Постои семрежен курс по команчејски,[5] а Команчејскиот јазичен и културен комитет нуди речници и материјали за изучување.[6] Постои и јазичен курс во Колеџот на Команчејската Нација.[7]
Remove ads
Фонологија
Самогласки
Јазикот има должина на самогласки, односно тие можат да бидат долги и кратки. Долните никогаш не обезвучуваат и се пишуваат двојно (aa, ee, ii, oo, uu, ɨɨ).[8] Кратките можат да бидат продолжени кога се акцентирани и можат да бидат звучни и безвучни. Неакцентираните кратки самогласки може да бидат безвучни пред /s/ или /h/.[8]
Согласки
Remove ads
Писмо
Команчејската азбука била создадена од Д-р Алис Андертон и била усвоена како службена од Команчејската Нација во 1994.
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads