Комплекс „Стара чаршија“ (Охрид)
археолошко наоѓалиште во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комплекс „Стара Чаршија“ — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува некропола со временско протегање од железното време, па сè до раниот среден век. Има простран зафат, и приближно се совпаѓа со Старата охридска чаршија.
Се наоѓа во источното подножје од понискиот источен рид на Охрид. На просторот од денешната ул. „Св. Климент Охридски“, како и лево и десно од неа, од Чинарот на север до Плоштадот кај езерото на југ, Долна порта на југозапад и Домот на културата „Григор Прличев“ на југоисток, се утврдени археолошки наоди, и тоа:[1]
- во близината на Чинарот — засводена гробница и светилиште;
- кај книжарницата на „Нова Македонија“, јужно од Чинарот — македонско-хеленистички гробови;
- кај стоковната куќа „Билјана“ — гробови од железното време, македонско-хеленистички и римски, како и античка фурна;
- кај куќата од семејството на Љубен Чекреџи, на околу 100 м југозападно од Чинарот — исто така гробови од мекедонско-хеленистичкото и римското време
- кај комплексот „Амам“ — доцноантички хоризонти и гробови
- просторот од Плоштадот и Домот на културата „Глигор Прличев“ — остатоци од црквата „Св. Димитрија“ и раносредновековни гробни конструкции.[1]
На овој комплекс се вршени заштитни ископувања во 1971 г. (Народен музеј - Охрид) и во 1976 г. (Завод и музеј - Охрид).
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads