Машинска опрема

физичките делови на еден сметачки систем From Wikipedia, the free encyclopedia

Машинска опрема
Remove ads

Машинската опрема на сметачот или хардвер (од англиски: hardware) и нејзината поставеност зависи од намената на личниот сметач и од задачите кои треба да ги извршува. Машинската опрема всушност го претставува физичкиот дел од сметачкиот систем т.е., електричните и електронските делови (на пр. печатените кола), електромеханичките делови (на пр. дисковите) и механичките делови (на пр. кутијата, лежиштата), уредите за поврзување во мрежа итн.

Thumb
Приказ на машинската опрема
1: монитор
2: матична плоча
3: обработувач
4: ATA
5: ППП памтење
6: графичка картичка/звучна картичка
7: трансформатор
8: оптички диск
9: тврд диск
10: тастатура
11: глувче

Уредите (единиците) коишто можат да влезат во поставката на машинскиот дел можат да се поделат во следните групи:

  • Централна единица
  • Влезно-излезни единици
  • Надворешни мемории
  • Останати елементи - куќиштата во кои се сместени единиците, трансформатор (кој се наоѓа во куќиштето и кој го трансформира високиот напон на електричната мрежа во низок), изворите за напојување, разни кабли, специјални маси и подлоги итн.)
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads