Конвергентна еволуција

From Wikipedia, the free encyclopedia

Конвергентна еволуција
Remove ads

Конвергентна еволуција (конвергенција или приближувачка еволуција) е онаа еволуција при која несродните видови стануваат сè послични поради приспособувањето кон иста животна средина. Конвергентната еволуција обично претставува развиток на слична анатомска одлика кај различни видови линии (на пример, видови од две различни класи) која се јавува по дивергенцијата од заедничкиот предок кој ја немал првичната одлика која би водела до таа одлика. Во овој случај, заедничкиот предок е временски пооддалечен отколку во случајот со паралелизмот.

Повеќе информации Конвергентна еволуција ...

Пример за конвергентна еволуција е сличниот изглед и грабливиот однос на северноамериканските волци и тасманските волци (тигри). Првиот е плацентален цицач, а вториот е торбар. Нивниот заеднички предок живеел во времето на диносаурусите, пред повеќе од 100 милиони години, и бил многу различен од овие негови потомци. Постојат и многу други австралиски торбари кои се исклучителен пример за конвергентна еволуција со плаценталните цицачи насекаде низ светот.

Се смета дека паралелизмот и конвергенцијата се резултат главно на одделните видови линии кои го искусуваат истиот тип на природна селекција низ долги периоди.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads