Конгур

врв на Беласица From Wikipedia, the free encyclopedia

Конгурmap
Remove ads

Конгур (грчки: Ρουπέσκο, Рупеско), наречен и Голем Конгур, Конгуро или Конгоре — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.951 м.

Кратки факти Конгур, Највисока точка ...
Remove ads

Местоположба

Врвот се издига на главното планинско било, источно од врвот Пункова Скала и првенецот Радомир. Има хуполест облик со заоблени падини. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата а кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. Од североисточното подножје во месноста Гингеро извира реката Луда Мара. Врвот е воедно највисоката точка на резерватот Конгура. По неговото било минува државната граница меѓу Бугарија и Грција. На самиот врв има напуштена грчка караула која се забележува оддалеку. Врвот Конгур е обележан со граничната пирамида бр. 28.[1]

Remove ads

Туризам

Почнувајќи од 2008 г. секоја прва недела во мај туристичкото друштво „Калабак“ приредува масовно искачување на врвот од градот Петрич во рамките на програмата за градскиот празник Ѓурѓовден.[2]

Искачување

Искачувањето се врши од градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.[3]

Занимливост

По врвот е наречен ледникот Конгур (Kongur Glacier) на островот Смит од архипелагот Јужни Шетландски Острови на Антарктикот.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads