Коничка Река

река во Грција и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Коничка Рекаmap
Remove ads

Коничка Река[1] (грчки: Σαραντάπορος, Сарандапорос) — река во денешна југозападна Грција и јужна Албанија. Претставува десна притока на реката Војуша, која се влева во Јадранско Море. Долга е 50 км, од кои последните 10 км ја образуваат границата меѓу Грција и Албанија.

Кратки факти Коничка Река, Изворно име ...

Извира помеѓу планините Грамошта и Горуша, во Костурскиот округ, Егејска Македонија. Тече низ подрачјето околу Борботско и околината во Нестрамско, Егејска Македонија, па продолжува низ Мајсторско и Коница во Епир. Преминувајќи ја државната граница, минува низ општините Центар Лесковик во областа Горица (Корча) и Кршово во областа Ѓирокастро, Албанија. На крајот се влева во Војуша на самата граница. Сливот зафаќа површина од 870 км2, а реката има просечен годишен истек од 6,93 м3.[2]

Remove ads

Поврзано

  • Конички мост
  • Коница — гратче во Епир
  • Пинд
  • Гликово — село во Лариско, на грчки наречено Сарандапоро

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads