Концентрационен логор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Првите знаци на масовно присилно преселување на народи е забележано од Асирците. Тие го користеле овој метод за контролирање на своите територии. Стотици години подоцна се појавиле знаци за големи групи на народи, коишто биле собирани во големи затворенички логори. Историски нацистичките концентрациони логори биле најсурови од сите.

Концентрационите логори (германски: Konzentrationslager) биле создадени за политички соперници, непријатели, ментално болни, различни етнички и религиозни групи итн. најчесто за време на војна. Со Женевската конвенција од 1949 се гарантира заштита на цивили за време на војна.
Изразот концентрационен логор до појавата на нацизмот имал значење на (само) релоцирање и преселување на голема група луѓе на едно место. Но нацистичките логори се синоним за масовни убиства, гладување, прислина работа, геноцид и др. Овие логори се познати како логори на смртта. Денес изразот концентрационен логор има безмалку исто значење како и логор на смртта.
Remove ads
Концентрациониот логор како тема во уметноста
- „Големиот бунт во нацистичкиот логор во Штулн“ - расказ на српскиот писател Давид Албахари.[1]
- „Логорот на смртта“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.[2]
- „Логорот на гладот во Јасло“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads