Копакабана (Боливија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Копакабана (шпански: Copacabana) е град во Боливија, кој воедно е главно пристаниште на боливискиот дел од езерото Титикака . Градот има голем храм од 17 век, базиликата на Пресвета Богородица од Копакабана, посветена на Пресвета Богородица од Копакабана, светицата-заштитничка на Боливија. Градот е позната туристичка дестинација во Боливија . Исто така Копакабана е познат по својата пастрмка и необична атмосфера. Изграден помеѓу планините Калварио и Нињо Калварио, градот има приближно 6.000 жители. Религиозните прослави, културното наследство и традиционалните фестивали на Копакабана се добро познати низ цела Боливија. Бродовите тргнуваат кон Исла дел Сол, светиот остров на Инките, од Копакабана. Копакабана е опслужувана од аеродромот Копакабана .
Remove ads
Историја

За време на војните за независност, базиликата на Пресвета Богородица од Копакабана била ограбена од поголемиот дел од нејзините богати украси и подароци.
Пред 1534 година, Копакабана било мало гратче на Инките, меѓу десетици други места во Боливија. Инките го сметале за значајно место и древно светилиште, поради пророштво на островот Титикака, кое го усвоиле како место за богослужба, усвојувајќи ја почитта со која го држеле Ајмарите од памтивек. На Копакабана имало помали светилишта во кои се одржувале церемониите на Инките, заедно со оние на претходните жители. Кога Шпанците првпат ги посетиле островите Титикака и Лоати, во 1534 и 1538 година, андската космовизија била напуштена, а Доминиканците ја направиле Копакабана центар на нивните мисии. Потоа, по иницијатива на вицекралот Франциско де Толедо, ги замениле немонашки свештеници, и конечно мисијата им биле доверени на августинците во 1589 година.
Во 1582 година, внукот на владетелот на Инките Манко Капак, воодушевен од глетката на статуите на Пресвета Богородица што ги видел во некои од црквите во Ла Паз, се обидел самиот да направи една и по многу неуспеси, успеал да направи една со одличен квалитет, која била поставена во Копакабана како статуа на заштитничката на заедницата. Се чува во посебна капела, каде што локалните Ајмари, Боливијци и луѓе од целиот свет неуморно се поклонуваат.
За време на Големото домородно востание од 1781 година, додека самата црква била осквернавена, „Камаринот“, како што се нарекува капелата, останал недопрен и не бил оштетен. Копакабана е место на често староседелски прослави. На 2 февруари и 6 август, црковните празници се слават со староседелски танци кои свештенството не можело целосно да ги потисне. Копакабана е опкружена со претколумбовски урнатини од значителен интерес.
Remove ads
Клима
Копакабана има ладна суптропска планинска клима ( Cwc ), која е вообичаена во близина на поголемиот дел од езерото Титикака. Слично на многу области со оваа клима, Копакабана се одликува со значително посува сезона. Поради големата надморска височина на Копакабана, градот е ладен во текот на целата година. Сепак, бидејќи Копакабана се наоѓа во тропските предели, има само мали варијации во температурите. Додека дневната температура се движи околу 15 степени во текот на целата година, ноќните температури за време на сува клима се малку поладни отколку во другите периоди од годината.
Remove ads
Галерија
- Поглед на Копакабана од езерото Титикака
- Познатата базилика на Копакабана, Базиликата на Пресвета Богородица од Копакабана.
- Копакабана со базиликата.
- Трговска улица со езерото Титикака во позадина.
- Копакабана.
- Уличен месар, Копакабана, Боливија
- Копакабана на брегот на езерото Тичикака ноќе
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads