Кордилевскиев облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кордилевските облаци се големи концентрации на прашина што се наоѓаат во L4 и L5 Лагранжовите точки во Земја-Месечина системот.[1][2][3] За нив прв известил полскиот астроном Казимиерз Кордилевски во 1960-тите, а потврдено било дека постојат во октомври 2018 година.[4][5][6]

Remove ads
Откривање и набљудување
Кордилевски почнал да бара концентрација на прашина која може фотометриски да се потврди во точките на либрација (Лагранжови точки) во 1951 година.[7][8]
Откако го сменил методот по предлог на Јозеф Витковски, Кордилевски во 1956 година за прв пат ги видел облаците. Во периодот од 6 март до 6 април 1961 година, успеал да фотографира две светли дамки во близина на Лагранжовата точка L5.[9] За време на набљудувањето, дамките скоро и да не се поместувале во однос на L5.[10] Набљудувањата биле правени од Каспрови Врх планината.[10]
Во 1967 година, Џеј Весли Симпсон вршел набљудувања на облаците користејќи ја Кајперовата Воздушна Опсерваторија.
Во октомври 2018 година, било објавено дека се потврдува постоењето на Кордилевскиевите облаци,[11][12][13] иако, претходно, во 1992 година, јапонската вселенска сонда Хитен, која поминала низ Лагранжовите точки за да открие заробени честички прашина, не нашле видно зголемување на нивото на прашина во споредба со густината во околниот простор.[14] „Hiten“. NASA. Посетено на 2009-03-08.</ref>
Remove ads
Појава
Кордилевскиевите облаци се тешко воочлив феномен, кој може да се споредува со светлината на гегеншајнот.[15] Многу е тешко да се набљудуваат од Земјата но може да се видат со голо око при исклучително темни и ведри ноќи.[16] Најчесто биле здогледувани од пустини, на море или од планини.[16] Облаците се малку поцрвени од гегеншајнот, што покажува дека можеби се направени од различен вид честички.[17]
Кордилевските облаци се наоѓаат во близина на Лагранжовите точки L4 и L5 во системот Земја-Месечина. Аголниот пречник им е околу 6 степени.[17] Од тие точки облаците може да се оддалечат од 6 до 10 степени.[18] Други набљудувања наведуваат дека се движат околу Лагранжовите точки во елипси од околу 6 на 2 степени.[17]
Remove ads
Поврзано
- Претпоставени месечини на Земјата
- Тројански астероид
Наводи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads