Корејски Полуостров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Корејскиот Полуостров (корејски: 조선반도 во С. Кореја; 한반도 во Ј. Кореја) е полуостров во источна Азија. Се протега во правец север-југ во должина од 1.100 км, од континентална Азија до Тихиот Океан, опкружен со Јапонското Море на исток и Жолтото Море на запад. Двете мориња ги дели Корејскиот Проток.
Сè до крајот на Втората светска војна, Кореја била една држава чија територија приближно се совпаѓала со самиот полуостров. По завршувањето на Корејската војна во 1953 г.,[1] северниот дел на полуостровот влегол во ДР Кореја, додека пак јужниот ѝ припаднал на Република Кореја.
Како северна граница на Корејскиот Полуостров се смета границата на Северна Кореја со нејзините северни соседи: Кина (1.416 км) и Русија (19 км). Овие граници се впрочем природни, образувани од реките Јалу (Амнок) и Тумен. Според ова, Корејскиот Полуостров (вклучувајќи ги околните острови) зафаќа површина од 220.847 км2.
Во ДР Кореја, полуостровот се нарекува „Чосон Пандо“, додека во Р. Кореја името му е „Хан Бандо“.
Remove ads
Поврзано
- Кореја
- Корејски Залив
- Корејски Проток
- Географија на Северна Кореја
- Географија на Јужна Кореја
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads