Коронарна артерија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коронарна артерија
Remove ads

Коронарните артерии се артериите на коронарна циркулација, кои превезуваат крв во и надвор од срцевиот мускул. Се состојат од лева и десна артерија, кои се разгрануваат.

Кратки факти Коронарни артерии ...

Левата коронарна артерија, произлегува од аортата над левиот аортен залисток и ја храни со крв левата страна на срцето. Таа се разгранува во две гранки, а понекогаш се формира и трета гранка, позната како ramus (гранка) или средна артерија.[1]

Десната коронарна артерија, потекнува од над десниот врв на аортниот залисток. Таа патува по десниот коронарен (sulcus) канал, кон задната страна на срцето.

Исто така, постои и конусна артерија, која е присутна во околу 45 отсто од човечката популација, и која може да обезбеди помошен протокот на крв кон срцето кога предниот лев дел на опаѓачката (descending) артерија е непрооден.[2][3]

Remove ads

Клиничко значење

Артериосклерозата и атеросклерозата, може да предизвикаат една или повеќе од коронарните артерии или нивните гранки да се блокираат, доведувајќи до ангина, срцев удар, или и двете. Поткожни коронарни интервенции или коронарна артериска бајпас хирургија може да се врши за да се намалат или отстранат блокадите (соодветно).

Коронарните артерии може да се контрахираат како одговор на различни стимули, пред сè хемиски. Ова е познато како коронарен рефлекс.

Исто така, постои и една ретка состојба позната како спонтана коронарна артериска дисекција (раскинување).

Remove ads

Етимологија на име

Зборот корона е латински збор што значи "круна", од Античкиот грчки κορώνη (korōnè, "гарланд, венец"). Тој беше применет на коронарните артерии, поради сличноста во изгледот.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads