Коски на стапалата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коски на стапалата
Remove ads

Коските на нозете (латински: ossa metatarsalia) претставуваат пет долги коски кои го формираат докоренот на стапалото (латински: metatarsus).

Кратки факти Коски на нозете, Податоци ...
Remove ads

Рспоред и поврзување

  • Се бележат со редни броеви од медијалниот кон латералниот раб на стапалото;
  • со задните краеви се зглобуваат со тарзалните коски, а со предните се зглобуваат со горните фаланги од прстите.

Заеднички одлики

Сите пет коски се состојат од:

  • тело, така што се стеснува и во долниот дел е конкавно, а во горниот дел е малку конвексно;
  • база или заден крај, од страна на соседната коска содржи груба дорзална и плантарна површина за прикачување на лигаментите;
  • глава или преден крај претставува конвексна зглобна површина и овозможува премин на некои тетиви.

Коски на прстите

Во состав на коските на нозете се и коските на прстите од стапалото (латински: ossa digitorum pedis), кои се 14 долги коски или фаланги (латински: phalanges),распоредени во три дела (проксимален, среден и дистален) секој прст има по три фаланги, а палецот две фаланги.

Зглобови

Зглобови на прстите од стапалото (латински: articulationes metatarsophalangeae) ги поврзуваат метатарзалните коски со горните фаланги од прстите и вршат движење на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на прстите;

Мускули

Во стапалото се наоѓаат 20 мускули поделени на дорзални и плантарни:

  • плантарните се делат на три групи: медијална, средна и латерална и дејствуваат како активни врски на сводовите од стапалото.

Галерија

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads