Косплеј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Косплеј
Remove ads

Косплеј (јапонски: コスプレ, англиски: cosplay; портманто од costume play = костимирана игра) — занимација во која луѓето носат костими и модни додатоци за да претстават конкретен лик. Овие ликови обично произлегуваат од популарната култура, вклучувајќи аниме, манга, стрипови, видеоигри и филмови. Луѓето често се впуштаат во костимирана игра за да ги прикажат ликовите поверодостојно. Костимите за косплеј можат да разнообразуваат од едноставни облеки до сложени творби, а многу луѓе сами ги создаваат или видоизменуваат своите костими. Тие исто така можат да користат реквизит и шминка за да ја подобрат нивната сличност со ликот што го прикажуваат.[1]

Thumb
Тројца косплеери: Лево е лик од Ѕвездени патеки, Чудесната Жена и суперзлобникот Локи

Косплејот вообичаено се поврзува со обожавателски средби, каде што косплеери се собираат за да ги покажат своите костими, да учествуваат во натпревари и да се дружат со други обожаватели. Меѓутоа, косплејот може да се ужива и надвор од средби, на пример на фотосесии и онлајн заедници.

Remove ads

Етимологија

Изразот „косплеј“ (cosplay) е комбинација на зборовите „костим“ (costume) и „игра“ (play), измислен од јапонскиот новинар Нобујуки Такахаши во 1984 г. откако присуствувал на собирот Fiction World Science 1984 Worldcon во Лос Анџелес и бил воодушевен од истанчените костими што ги носеле присутните. Тој напишал статија за настанот за јапонското списание My Anime и го употребил изразот „косплеј“ за да го опише гледиштето на играта со костими на собирот.[2][3][4][5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads