Костанај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костанај (казашки: Қостанай, Qostanaı; руски: Костанай) — град сместен на реката Тобол во северен Казахстан. Тој беше познат како Николаевск (руски: Николаевск) до 1895 година, а потоа како Кустанај (руски: Кустанай) до 1997 година. Костанај е административен центар на Костанајската област.
Remove ads
Историја

Костанај е основан од руски доселеници во 1879 година и го добил името Николаевск, во чест на царот Николај Втори. Во 1888 година, во градот имаше повеќе од 3.000 жители вклучени во изградбата на воденица и пиварница, кои сè уште се во функција. Во 1893 година, Костанеј доби статус на град. Црвената армија ја презеде контролата во 1918 година и го смени името на градот во Костанај. Костанајската област е основан во 1936 година со административен центар во Костанај.[1]
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа во степската зона на север од платото Тургај, во југоисточниот дел на западно-сибирската рамнина, на реката Тобол, 571 км северозападно од градот Нур-Султан (704 км по должината на автопатот). Најблискиот милионски град е рускиот Чељабинск, сместен на 260 км (300 км по должината на автопатот) северозападно од Костанај.
Клима
Костанај има пријатна и летна влажна континентална клима, со топли и суви лета и студени снежни зими. Карактеристични се остри промени во температурата во текот на денот; просечната брзина на ветерот е 3,2 м/с. Врнежи годишно околу 300–350 mm, максимални врнежи се случуваат во текот на летото. Просечната годишна влажност е 71%.[2]
Remove ads
Население

На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 248 267 жители.[3]
Етнички состав
Етничкиот состав на жителите на Костанај (на почетокот на 2020 година):
Транспорт
Костанај е поврзан по пат со следните градови во Русија: Чељабинск, Магнитогорск, Троицк, Екатеринбург, Курган и Тјумен. Исто така е поврзан со Нур-Султан и Алмати во Казахстан. Педесет и три железнички станици превезуваат патници и товар од градот. Нафтата се доставува со железница од Русија, како и од рафинериите за нафта во Казахстан.
Меѓународниот аеродром Костанај извршува чартер летови до многу градови во Казахстан, поранешните советски републики, Германија (Франкфурт и Хановер), Обединетите Арапски Емирати, Турција и други земји. Аеродромот исто така функционира како царински пункт.
Remove ads
Спорт
Костанај е дом на фудбалскиот клуб ФК Тобол, кој игра на централниот стадион Костанај. ФК Тобол учествува во Супер лигата на Казахстан. Костанај исто така има кошаркарски тим, БК Тобол Костанај, кој учествува во кошаркарскиот куп на Казахстан. Градот има лизгалиште за зимски спортови.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads