Коста Трајанов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коста Трајанов ( 1923 во Побожје — 1944 во Чучер) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Израснал во сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил симпатизер на народноослободителното движење и во рамките на можностите материјално го помагал. Во септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во Младинскиот баталјон, кој постигнал бројни победи против балистичките банди на територијата на Скопска Црна Гора. Учествувал и во успешните акции против германските моторизнрани колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година храбро загинал во една борба пpoтив балистичките оружени сили, кај Чучерски Рид. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во гробиштата во родното место.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads