Котбус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Котбусmap
Remove ads

Котбус (германски: Cottbus; долнолужички: Chóśebuz; полски: Chociebuż) — универзитетски град во Бранденбург, Германија, сместен околу 125 километри југоисточно од Берлин на реката Шпре.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Котбус во Бранденбург ...
Remove ads

Историја

На денешното подрачје на градот била основана населба во 10 век, кога Лужичките Срби подигнале замок на песочниот остров во реката Шпре. Првото документирано спомнување на името на градот било во 1156. Во 13 век пристигнале германските доселеници и некое време живееле заедно со Лужичките Срби. Во средновековието Котбус бил познат по волната и завесите од градот биле пренесувани во скоро сите делови на Бранденбург, Бохемија и Саксонија. Во 1462 Котбус бил припоен кон Маркгрофовијата Бранденбург; во 1701 градот станал дел од Кралството Прусија. Во 1815 околните окрузи на Горна и Долна Лужица биле одвоени од Кралството Саксонија кон Прусија.

Од 1949 до повторното обединување на Германија во 1990, Котбус бил дел од Источна Германија.

Remove ads

Култура и образование

Котбус е културен центар на долнолужичкото малцинство. Многу знаци во градот се двојазични и постои гимназија на долнолужички јазик, но сепак јазикот е ретко говорен на улиците.

Веднаш до Котбус е познатиот парк Браниц, создаден од принцот Херман фон Пиклер-Мускау по 1845. Замокот Браниц бил повторно изграден од Готфрид Земпер во доцнобарокен стил помеѓу 1846 и 1852, а градините изградени од принцот Херман вклучуваат и две пирамиди. Една од нив, Seepyramide, е во средината на вештачко езеро и служи како негов мавзолеј.[2]

Секоја година Котбус е домаќин на Источноевропски филмски фестивал.

Котбус е исто така дом на Техничкиот Универзитет Бранденбург (BTU) и на математичката гимназија Макс Штенбек, која е именувана по физичарот Макс Штенбек.

Во градот се наоѓа фудбалскиот клуб ФК Енерги Котбус, кој моментално игра во втората германска Бундеслига. Нивните домашни натпревари се одигруваат на градскиот стадион.

Remove ads

Меѓународни односи

Збратимени градови

Котбус е збратимен со:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads