Коутсова Земја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коутсова Земја
Remove ads

Коутсова Земја (англиски: Coats Land) — област на Антарктикот која се наоѓа западно од Земјата на Кралицата Мод и го образува источниот брег на Веделовото Море. Се протега во правец североисток–југозапад, помеѓу 20°00′ ЗГД и 36°00′ ЗГД. Нејзиниот североисточен дел е откриен со бродот „Скоша“ на Вилијам Спирс Брус, предводникот на Шкотскаta национална антарктичка експедиција (1902-1904 г.) Тој и го дал името во чест на Џејмс Коутс и мајорот Ендрју Коутс, двајцата главни поддржувачи на експедицијата.[1]

Thumb
Коутсова Земја
Местоположба на Антарктикот
Thumb
Брегот на Коутсовата Земја сликан во јануари 1915 г.
Remove ads

Истражувачки станици

  1. база Белграно II (Аргентина)

Правополагачи на Коутсовата Земја

На источниот дел на Коутсовата Земја полага право Норвешка и сочинува дел од Земјата на Кралицата Мод. На средишниот дел полага право Велика Британија и сочинува дел од Британската Антарктичка Територија, додека пак на западниот дел полага право Аргентина и тој е дел од Аргентински Антарктик.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads