Коце Коцевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коце Харалампиев Коцевски ( 1902 во Кратово — 16 мај 1944 во Бела Вода (Босилеград), Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
По завршување на основното четиригодишно училиште го изучил содаџискиот занает. Иако имал свој содаџиски дуќан не можел да го прехрани своето семејство, па се занимавал со лозарство и други дејности. За време на окупацијата заминал на работа во Германија каде од близу се запознал со тешкиот живот на работничката класа. Со првото ослободување на Кратово на 25 април 1944 година, тој заедно со еден од синовите стапиле во редовите на Треттатa македонска ударна бригада. Неговиот борбен пат бил краток, но оставил добри спомени кај своите другари и борци со својата храброст. Земал учество во многу борби, а посебно се истакнал во борбите на: Султан Тепе, Мала Црцорија, Бистра Планина, Црноок, Црна Трава, Знеполе, Сурлица и други места. Загинал на 16 мај 1944 година, борејќи се храбро против бугарските окупаторски војски во борбите крај Бела Вода (Босилеградско) во Србија.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads