Коџа Мехмед Рагип-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коџа Мехмед Рагип-паша
Remove ads

Коџа Мехмет Рагип-паша (1698–1763) ― османлиски државник кој служел како државен службеник пред 1744 година како покраински управник на Египет од 1744 до 1748 година и голем везир од 1757 до 1763 година. Тој бил познат и како поет. Неговиот епитет Коџа на турски значи „голем“ или „џин“.

Кратки факти Голем везир на Отоманското Царство, Монарх ...
Remove ads

Рани години

Неговиот татко бил Шевки Мустафа, бирократ во Османлиското Царство. По завршувањето на своето образование, Мехмет Рагип работел во различни делови на империјата како државен службеник. Тој служел како главен благајник во Багдад. Бил член на османлиските претставници во Белградскиот договор во 1739 година. Тој бил унапреден на функцијата рејс ул-ќутаб (еднакво на денешен министер за надворешни работи) во 1740 година. Тој бил управник на Египетскиот Пашалак од 1744 до 1748 година,[1][2][3] кога бил принуден да се повлече од месните трупи.[4]

Remove ads

Како голем везир

Thumb
Библиотеката „Рагип-паша, Истанбул.

Тој бил назначен за голем везир на 12 јануари 1757 година од страна на султанот Осман III. Кога Осман III починал десет месеци подоцна, Мехмет Рагип-паша продолжил под водство на новиот султан Мустафа III со кого имал многу добри односи. Тој се оженил со Салиха, сестрата на султанот, и ја добил титулата дамат (зет).

Мандатот на Рагип бил за време на османлискиот пад. Тој сепак донел реформи во османлиската администрација и благајна. За прв пат османлиските приходи ги надминувале расходите.[5] Тој бил приврзаник на мировната политика. Неговиот мандат на функцијата, речиси се совпаднал со Седумгодишната војна во Европа (1756-1763). И покрај опасноста од војна, тој успеал да ја задржи Османлиското Царство од судир.[6] По неговата смрт, Мустафа III напишал елегија (турски: ağıt) изразувајќи ја својата тага за неговиот добар пријател.[7]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads