Коџики
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коџики (јапонски: 古事記 „Записи од древните случувања“) е прва запишана книга во Јапонија врз основа на усно предание, а ја забележил во 712 година О-но-Јасумаро. Воведниот текст нè запознава со тоа во какви околности е создадено делото. Во однос на преданието, се тежнее кон зачувување на верзиите кои би ја докажале легитимноста на новиот цар ( О-ама ), а се отфрлаат оние кои тоа не го можат. Тенму О-ама по победата над Отом (синот на неговиот брат, царот Тенџи), решава од постојните текстови да ги среди и сочува само важните верзии за него.

Во првата фаза на составувањето, Тенму О-ама го повикува раскажувачот и го замолува да ги запамети сите „легитимни“ верзии (некои историчари тврдат дека раскажувачот била жена, на што во прилог му оди и фактот дека жените-шаманки во старојапонската култура претежно билетие кои ги чуваат „ божјите зборови“). Тој раскажувач, Хиједа-не-Аре, го памети текстот како што наредил царот. Веќе во 711 година, царицата Генмеј го повикала дворскиот научник О-но-Јасумаро сè да забележи, што тој ќе го стори веќе во следната 712 година.
Во воведниот текст користен е чист кинески стил, а остатокот бил мешан. О-но-Јасумаро сакал да ги сочува јапонскиот јазичен дух и ритам, т.е. стилот, од наративното раскажување. Тоа било можно со користење на кинеското писмо во изменета форма, т.е. единствено поради пренесување на нивната фонетска вредност, но не и семантичката ( Манјоган ).
Remove ads
Содржина
Коџики содржи три свитоци (санкан):
- Џокан - космогониски приказни (од времето на создавањето на земјата и небото до времето на царот Џинму). Историски не се веродостојни бидејќи се изразито митолошки. Земјата ја создава пар на богови, Изанаги и Изанами. Тогаш Аматерасу Омиками го создава небото.
- Чукан - од царот Џинму до царот О- џин. Тоа се претежно легендарни приказни за одредени јунаци како што се Јамато Такеру-но-Микото . Нема историска вредност, но како книжевно дело со околу 110 песни, покрај прозни делови, епски го доловува јапонскиот дух и светот.
- Генкан - од Царот Нинтоку, па сè до царицата Сујко со повеќе историски приказни, помалку митологија; се занимава со времето на луѓето, а не на боговите.
Се изделуваат два вида на текст:
- Тејки - се однесува на генеалогијата на самото царско семејство
- Хонџи - митолошки приказни и легенди, не толку поврзани со генеалогијата и политиката
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads