Кралицата Марго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кралицата Марго (француски: La Reine Margot) — роман од Александар Дима. Бил издаден во 1845 година, а првично бил објавен во дневниот весник Ла Прес како фељтон меѓу 25 декември 1844 и 5 април 1845 година.[1] Од романот Александар Дима направил истоимена драма, изведена во 1847 година. По Кралицата Марго следат два други романи: Дам де Монсоро и Четириесет и петмината, со што се образува она што понекогаш се нарекува „трилогија Валоа“.
Remove ads
Историски контекст
Дејството на романот се одвива помеѓу бракот на Маргерит де Валоа со Анри де Навара, идниот Анри IV, во 1572 година и смртта на Шарл IX од Франција во 1574 година.
Александар Дима ги прикажува дворските интриги, атентатот на адмиралот де Колињи, Вартоломејската ноќ, измислената романса измислена помеѓу кралицата од Навара и грофот Де ла Мол, како и практиката на судска тортура за време на ренесансата. Катерина де Медичи ја прикажува како вознемирувачки лик, кој го користи својот фирентински астролог и парфимер Рене Бјанки за да ги убие своите непријатели. Романот го прикажува и заговорот за враќање на Навара на нејзиниот крал.
Remove ads
Содржина
Маргарита де Валоа се мажи за Анри де Навара со политичка цел да воспостави мир меѓу протестантите и католиците во ерата потресена од верските војни. Бракот на сестрата на Шарл IX е повод за големи прослави во Франција и особено во Париз каде што луѓето се радуваат.
Во оваа прилика, кралот на Навара и адмиралот Де Колињ ги собрале околу себе сите големи водачи на хугенотите и верувале дека мирот е можен.
Но, стапиле во брак две битија кои не се сакаат и од почетокот на романот забележуваме дека секој од младенците има свои други врски. Ако брачната ноќ не е прилика за брачни должности, таа е сведок на политичкиот сојуз на крал и кралица, што ги обединува истата амбиција за моќ.
Политичката верност на Маргарита кон нејзиниот сопруг брзо се докажува додека таа се залага за неговиот живот за време на колежот на Денот на Сен-Вартелемеј, за време на кој Шарл IX ги убил големите протестантски водачи со исклучок принцот од Конде и кралот на Навара .
Расплет
Сепак, ужасниот колеж исто така е можност Марго да се сретне со грофот Жозеф Бонифас де ла Мол, протестантски великодостојни кој дошол во Париз да му ги понуди своите услуги на Анри од Навара. Тие имаат врска, но здравјето на кралот Шарл IX се влошува и постои сомневање за заговор. Бидејќи се потребни виновници, љубовникот на Маргарита е уапсен, мачен и егзекутиран.
Remove ads
Извори за романот
Главните примарни извори со кои располагал Дима за да ги користи за повеста за кралицата Марго биле:
- Дискурс за Маргерит де Валоа, во Животот на славните дами (1590-1600), Брантом;
- Мемоарите на кралицата Маргарит, дело објавено на крајот на 1620-тите и многупати реиздавано;
- Сатиричниот развод на кралицата Маргерит (1663) вклучен во Мемоарите на Агрипа д'Обиње[2];
- Кралицата Маргерита, Жедеон Талеман де Рео (околу 1659 година).
Влијание
Романот помогнал да се зајакне мрачното предание за Катерина де Медичи и угледот на лекоумност на кралицата Марго.[3]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
