Кралска воена морнарица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кралска воена морнарица
Remove ads

Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство (англиски: Royal Navy) е дел од вооружените сили на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Таа ја претставува основата на поморските сили на Обединетото кралство и е поделена на: Кралска надводна морнарица, Кралска подморничка флота, Кралска помошна морнарица, Кралски маринци (поморска пешадија), и Воздушни сили на Кралската воена морнарица. Во ноември 2006 година, поморската служба имаше 38.710 членови.

Thumb
Знамето на Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство

Од почетокот на 18 век до средината на 20 век и крајот на Втората светска војна, таа била најголемата и најмоќната морнарица во светот, и одиграла клучна улога во воспоставувањето на Британската Империја како доминантна светска сила во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. .

Денес, Кралската морнарица е втората по големина морнарица меѓу земјите членки на НАТО. Денес поседува 91 брод, меѓу кои има носачи на авиони, јадрени и балистички подморници, миноловци и патролни чамци, како и бродови на Кралската флота од помошни бродови (англиски:Royal Fleet Auxiliary).

Remove ads

Организација

Британската Кралската воена морнарица е под надлежност на Министерството за одбрана. До 1964 година оваа функција ја извршуваше Адмиралитетот. Врховното раководно тело е Комитетот на адмирали, со кој претседава првиот лорд на Адмиралитетот, истовремено со државниот секретар за одбрана (еквивалент на министер за одбрана; до 1964 година - претседавач бил министерот за морнарица) кој по правило е цивилно лице, претставник на владејачката партија.

До 1964 година, во зависност од ситуацијата, Комитетот на адмирали обично се состоел од 9 до 15 членови (главното јадро): Прв лорд на адмиралитетот (Министер на морнарицата), Прв поморски лорд (Началник на главниот поморски штаб), Втор поморски лорд (началник на персоналот на флотата), Трет поморски лорд (шеф на бродоградба и вооружување на флотата), Четврт поморски лорд (шеф на снабдување и транспорт на флотата), Петти поморски лорд (шеф на поморска авијација).

Remove ads

Главни бази

морнарица

  • Поморската база на нејзиното височество Девонпорт, (англиски: Her Majesty's Naval Base Devonport ), Плимут
  • Поморската база на нејзиното височество Клајд, (англиски: Her Majesty's Naval Base Clyde )
  • Поморска база на Нејзиното Височество Портсмут (англиски: Her Majesty's Naval Base Portsmouth )

Поморска авијација

  • Кралската поморска воздухопловна база Калдроуз (англиски: Royal Naval Air Station Culdrose )
  • Кралската поморска воздухопловна база Јеовилтон (англиски: Royal Naval Air Station Yeovilton)
Remove ads

Надворешни врски


Воен никулецОваа статија поврзана со војска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads