Кременица (Долна Бела Црква)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кременицаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Долна Бела Црква. Претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото, од левата страна на главниот пат што води кон источниот брег на Преспанското Езеро, непосредно до раскрсницата каде што се спојува со патот за Долна Бела Црква, каде во ниви на месни жители по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, кремени орудија и камени секири. Неколку фрагменти имаат орнаменти изведени во импресо - техника.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...

Во периодот од 2011 до 2013 година со помош на Министерството за култура на Македонија, во населбата биле вршени нови ископувања и истражувања. При тоа биле откриени 4 објекти за живеење од типот полуземјанки. На истражениот сегмент од наоѓалиштето, остатоците од населбата се манифестираат преку вкопани станбени структури, јами, огништа и остатоци од дрвени колци кои се густо дистрибуирани во просторот.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads