Кремница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кремницаmap
Remove ads

Кремница (германски: Kremnitz, унгарски: Körmöcbánya) — град во централна Словачка. Во градот живеат 5,419 жители. Добро зачуваниот средновековен град изграден над важни рудници за злато е местото на најстарата ковачница на пари во светот која сѐ уште работи.

Кратки факти Кремница, Држава ...
Remove ads

Историја

Кремница бил еден од главните рударски градови во светот во средниот век и во модерната ера поради изобилните резерви на руда во Кремничките планини. Сепак, првите докази за подземни рударски активности доаѓаат од 9. век.

Во 13. век жителите на оваа област биле погодени од инвазијата на Монголците. По овој тежок период, унгарските кралеви поканиле нови колонисти од Германија да го населат регионот за да се надополни десеткуваното население. Тие ги обновиле рударските активности во градот. Првиот пишан извор за градот датира од 1328 година, кога градот добил градски привилегии од кралот Карло I.

Ковачницата за пари веќе постоела во градот когаградот ги добил градските привилегии. Започнувајќи во 1335 година, ковачницата изработувала форинти а подоцна и познатите „кремнички дукати“, кои биле користени за меѓународни плаќања како резултат на нивната постојано висока чистост на злато. Тоа била најзначајна ковачница, а подоцна и единствена, во Кралството Унгарија, во Чехословачка и денес во Словачка; а поради просперитетот кој го донела довел градот да биде нарекуван „Златна Кремница“.

На крајот на 14. век, Кремница станал главен град на рударските градови во централна Горна Унгарија. Стабилното годишно производство на злато и сребро гарантирало просперитетен развој на градот. Во 15. век Кремница бил втор најзначаен град во Кралството Унгарија. На градот континуирано му биле доделувани нови привилегии и претставниците од градот го заземале второто место во унгарскoтo собрание (првото место било резервирано за претставниците на Будим, главниот град на Кралството).

Откопувањето на злато и изработката на монети во градот кулминирало во 14. и 15. век. Како еден од најзначајните центри на протестантската реформација во државата, градот припаѓал на протестантската „Лига на седум рударски градови“ заедно со Банска Бела, Банска Бистрица, Банска Штјавница, Љубјетова, Нова Бања, и Пукањец. Во 16. век, градот бил голем центар за производство на (главно религиозни) медали. Сепак во тој период, рударите морале да копаат се подлабоко за да дојдат до нови резерви и рударските услови се влошиле поради подземни води. Трошоците за рударство се зголемиле и рударството станувало се помалку профитабилно. Последното злато во Кремница било извадено во 1970 година, време во кое сите рудници биле затворени.

Remove ads

Географија

Кремница се наоѓа на надморска височина од 564 метри над морското ниво и зафаќа површина од 43.136 км2.[1] Тој е сместен на Кремничките планини на Кремничкиот поток, кој е прирока на реката Хрон. Градот се наоѓа на 20 километри западно од Банска Бистрица (линиски), 45 киломтери јужно од Мартин и околу 175 километри од Братислава.

Знаменитости

Thumb
Споменик на главниот плоштад.

Замок изграден низ 13. и 15. век се наоѓа во градот. Тој бил заграден со двоен ѕид кој содржел неколку бастиони и кули. Замокот претставува редок пример на многу добро зачуван заграден систем во Средна Европа. Во 14. век, тој се развил во мултифункционален систем на градби и со тоа станал центар на локалната администрација, религиозниот живот, и одбраната.

Други интересни места претставуваат Музејот на монети и медали, Музејот на скијање и историскиот главен плоштад со импресивниот чумен столб во барок стил. Готската црква „Св. Катерина“ е домаќин на популарниот европски фестивал за органска музика. Аквадукт со должина од 20 километри, изграден во 15. век, сѐ уште работи, снабдувајќи три хидроелектрани (една од нив се наоѓа 245 метри под земја). Шумските планини околу градот нудат многу можности за искачување и скијачко трчање.

Географскиот центар на Европа се тврди дека се наоѓа во блиското село Крахуле.

Демографски податоци

Повеќе информации Година, Население ...
Повеќе информации Година, Население ...

Кремница има население од 5,419 жители (на 31 декември 2015 г.). Според пописот од 2001 година, 95.8% од жителите биле Словаци и 1.2% Германци. Меѓу Словаците, постојат многу потомци на Карпатските Германци, кои играле многу значајна улога во средновековната историја на градот. Според религијата, 64.9% биле католици, 22.6% од луѓето немале религиозна определба и 5.8% биле лутеранци.[1]

Remove ads

Значајни личности

  • Блажеј Балаж, словачки сликар
  • Јан Левослав Бела, композитор, диригент и музички наставник
  • Лудовит Чернак, политичар и стопанственик
  • Ладислав Чудик, словачки глумец
  • Игор Колар, атлетичар
  • Петер Михалица, виолинист
  • Јозеф Прибилинец, атлетичар, олимписки златен медалист

Збратимени градови

  • Италија Фиденца, Италија
  • Германија Херболцхајн, Германија
  • Чешка Кутна Хора, Чешка
  • Чешка Нови Јичин, Чешка
  • Словачка Шурани, Словачка
  • Унгарија Варпалота, Унгарија

Галерија

Thumb
Главниот плоштад во Кремница

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads