Криенка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Криенка
Remove ads

Криенка (мижитатара[1], миженка[1], миженка-криенка[1], миженица[1], криенка[2] или криеница[2][3]) — вид детска игра во кој било број на играчи се кријат во околината, а ги бара играч кој „мижи“ (може да има и повеќе играчи кои мижат). Играчот кој мижи ги затвора очите, брои до одреден број (најчесто до 100 со чекор 5), пред да ги отвори вика „Скриен, нескриен, барам!“ и потоа ги бара сите скриени.[4]

Кратки факти Криенка, Играчи ...
Thumb
Криенка (1881)

Со помали или поголеми варијации играта се игра ширум светот.

Remove ads

Цел на играта

Целта на играчите кои се кријат е што подобро да се скријат така што „мижачот“ да не ги открие или да ги открие што подоцна.

Целта на тој што мижи е што поскоро да ги најде сите скриени играчи и да биде заменет од оној кој прв ќе го најде.

Опис на играта

Играта се игра на отворено. Битно е однапред да се определи територијата на која може играчите да се кријат.

Најпрво играчите (не е ограничен бројот, но да не бидат под три) се разбројуваат со некоја броенка кој прв ќе миже. Се одредува „место за мижење“ (дрво, бандера, столб...) пред кое ги затвора очите и почнува до брои (најчесто до 100 со чекор од 5), кога ќе го заврши броењето вика „Скриен, нескриен, барам“. Почнува да ги бара скриените играчи и кога ќе најде некого, треба да истрча до местото за мижење и да викне „Пу, Кире“ (името на оној кого го видел). Скриените пак, демнат кога тој што миже ќе се оддалечи и трчаат до местото за мижење и викаат „Пу за мене“. Според една варијанта првиот најден, мижи во следната игра, а според друга, последниот.

За да не може некој да стои зад или пред тој што мижи, пред да ги отвори очите вика „Пу за оној зад мене, пред мене“.

Ако при барањето тој што бара погреши, наместо еден од скриените наведе друг, скриените почнуваат да викаат „Изгоре, се попаре“, играта се повторува, односно тој повторно мижи.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads