Кршталник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кршталникот е метален сад кој се користел за крстење вода за верски обреди.

Опис

Thumb
Калаисан бакарен кршталник од црквата во селото Бистрица, Бугарија

Садот служел за крстење вода. Кршталникот е составен од нога-стојка, тас и капак со крст . Декорациите и обликот зависи од производителот и регионот. Заедничко за сите форми е присуството на крст на врвот на капакот. Садот стабилно стои на висока тркалезна нога со проширен долен раб. Украсен е со режана и релјефна декорација. Над тесниот празен појас се наоѓа главниот украсен елемент на ногата. Над овој појас, преку поголем нанадвор подаден релјефен круг, ногата значително се стеснува. Врз неговиот најтесен дел се наоѓа тркалезниот длабок тас, што нагоре постепено се проширува. Капакот е со блага кубеста форма, на врвот е зарамнет, каде што е додаден леениот крст прицврстен со чивија. Кршталници од овој вид и со оваа димензија биле користени во повеќето поимотни православни градски куќи за крстење вода, особено пред големите христијански празници.[1]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads