Кула (Избишта)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кулаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Избишта. Претставува населба од хеленистичко време. Наоѓалиштето лежи на истоимениот врв на доминатен рид со надморска височина од 1168 метри и со отворен поглед кон Преспанската котлина, веднаш над течението на Голема Река и патниот правец Ресен-Охрид, во непосредна близина на запад од наоѓалиштето Гимбабица со кого има јасна визуелна комуникација. Сместен е на зарамнето плато со површина од околу 2 хектари, издолжено во правец север-југ. Поради обраснатоста на теренот и неистраженоста, не се видливи јасни остатоци од градби со станбен или фортификациски карактер, меѓутоа по рабовите на висорамнинката видливи се одредени ситуации кои индицирааат на постоење на одбранбен бедем. Имено, во југоисточниот крај на висорамнинката, под тенок слој на земја и мов, се забележуваат одредени камени структури за кои. Покрај западниот раб на висорамнинката, во една од чистините без висока вегетација се воочува благо издигнување - насип - во природното спуштање на теренот, со ширина од околу 1 метар и протегање во правец север-југ. На површината на висорамнинката се забележливи повеќе фрагменти на градежна и садова керамика. Се смета дека блиското наоѓалиште Гимбабица била некрополата на оваа населба, а под неа минувал и патот Via Egnatia[1] (наоѓалиште Јамиште).

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads