Курија (острови)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Курија (гилбертански: Kuria) е заеднички термин на два острови, Буарики и Онеке, во Кирибати. Курија понекогаш се смета за атол, а понекогаш како заеднички географски поим за двата острова. Курија се наоѓа северозападно од атолот Аранука. Еден од островите во Аранука го носи истото име како и островот Буарики во Курија.

Општи податоци
Двата острова, Буарики и Онеке, се оддалечени еден од друг 20 метри од плитка вода, врз која има пат и мост. Островите се опколени од гребен. Првите Европејци кои ги посетиле островите се Томас Гилберт и Џон Маршал во јуни 1788 година.[1]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads