Куќа на Даскаловци (Вевчани)

стара куќа и споменик на културата во Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia

Куќа на Даскаловци (Вевчани)map
Remove ads

Куќа на Даскаловцистароградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Кратки факти Куќа на Даскаловци, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Куќата е изградена во 1910 година. Му припаѓала на два брата од старото семејство Даскаловци кои биле терзии, изработувајќи висококвалитетни народни носии.[1] Татко им и останатите браќа биле меѓународно познати градители.[3]

Thumb
Чардакот.

Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 6 февруари 2012 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[4]

Remove ads

Архитектура

Градбата е кромна по големина. Приземјето е изработено од камен, зарамнето со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците со капаци има сводесто украсување од тули. На приземјето била работилницата за носии и дуќанот за продажба. Катот е изѕидан од полна тула и има дрвени прозорци исто така сводесто украсени од полна тула. На овој кат биле просториите за живеење.[1]

Меѓукатната и покривната конструкција е направена од костенови греди. Покривот е повеќеводен со ќерамиди ставени врз платно од штици. Од костеново дрво е изработено и скалиштето кое ги поврзува приземјето и катот, а костенови се и сите внатрешни врати. На катот има средишно сместен затворен чардак,[1] еркерно издаден на дрвени греди со украсување конкретно за ова село, наречено „вевчански кучиња“. Со вакви украси се и дрвените покривни градбени греди, кои со дрвени даски ја образуваат стреата.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads