Кјотова награда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кјотовата награда — највисоката јапонска приватна награда за животно дело во областите на уметноста и науката.[1][2] Таа им се доделува не само на оние кои се врвни претставници на нивните области, туку и на оние кои значително придонеле за научното, културното и духовното подобрување на човештвото.[3] Кјотовата награда е создадена во соработка со Нобеловата фондација[4] и многумина ја сметаат како јапонска верзија на Нобеловата награда,[5][6] што претставува една од најпрестижните награди достапни во области кои традиционално не се почестени со Нобеловата награда.[7]
Наградите се во вредност до 100 милиони јени (околу 700.000 УСД) по категорија и се доделуваат годишно од 1985 година од страна на Инамориската фондација, основана од Казуо Инамори. Лауреатите се објавуваат секој јуни, церемонијата на доделување на наградата и слични настани се одржуваат во Кјото, Јапонија, секој ноември.[8]
Remove ads
Категории и области
Наградата Кјото се состои од три различни категории, секоја со 4 области. Областите ротираат секоја година за да се создаде разновидна група на лауреати. Категориите и областите се:
- Кјотова награда за напредна технологија
- Со областите: електроника, биотехнологија и медицинска технологија, наука и инженерство за материјали и информатички науки.[9]
- Кјотова награда за основни науки
- Со областите: математички науки, биолошки науки, науки за земјата и планетата (астрономија и астрофизика) и животни науки (Со петтото подобласт на когнитивни науки со еден лауреат, Ноам Чомски во 1988 година).[9]
- Кјотова награда за уметност и филозофија
- Со областите: музика, уметност, театар (кино) и мисла и етика[9]
Remove ads
Лауреати
Со Кјотовите лауреати за 2015 година, почестени биле 99 поединци и една фондација (Нобелова фондација). Поединечните лауреати се движат од научници, инженери и истражувачи до филозофи, сликари, архитекти, скулптори, музичари и филмски режисери. Соединетите држави имаат најмногу лауреати (44), потоа Јапонија (19), Обединетото Кралство (12), Франција (8) и Унгарија, Русија, Индија (3).
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads