К’шла (Коњух)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

К’шлаархеолошко наоѓалиште кај кратовското село Коњух. Претставува некропола од железното и римското време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Се наоѓа на големо широко плато што се надвиснува над десниот брег на Крива Река. На североисточниот крај се надоврзува на повисоките ритчиња покрај коритото на реката. Поради загрозеноста со изградбата на железничката пруга Куманово - Деве Баир, во 1995 г. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил заштитно ископување. Откриени се и истражени 54 гроба, од кои 8 од железното, а останатите од раноримското време.

Раноримските гробови биле вкопани во тумул, речиси целосно уништен, од кој е откриен дел од заштитниот прстен изведен од речни бајки. Имаат конструкција од тегули на „две води“ и во нив се погребувани кремирани или закопани покојници. Од гробни прилози се најдени разни керамички садови, белезици, обетки, прстени, ѓердани и друго. Овие гробови ѝ припаѓаат на северната некропола на наоѓалиштето Големо Градиште.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads