Династија Лазаревиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Династија Лазаревиќ
Remove ads

Династија Лазаревиќ (српски: Лазаревић) — српско средновековно кралско семејство, кое владеело со Моравска Србија и Српското Деспотство.

Кратки факти Династија Лазаревиќ Лазаревић, Претходна династија ...

Династијата започнала со Лазар Хребељановиќ, син на Прибац Хребљановиќ, кој бил благородник во дворот на Стефан Душан. Лазар се оженил со Милица, член на владејачката династија Немањиќ, а подоцна ја добил титулата „кнез“ од српскиот цар Стефан Урош V. Тој стекнал земјиште во Централна Србија и преку своите врски со Немањиќ станал регент на Моравска Србија. Во Косовската битка против Отоманското Царство, Лазар бил убиен, а Србија станала вазална држава, што довело до крајот на српскиот суверенитет.

Remove ads

Фамилија

  1. Лазар Хребељановиќ (ок. 1329 до 1389), кнез 1371-1389. Канонизиран како свет великомаченик кнез Лазар (28 јуни). Во 1353 година се оженил за Милица (?-1405), ќерка на кнезот Југ Богдан.
    1. Мара Лазаревиќ (?-1426), се оженила во околу 1371 за Вук Бранковиќ.
    2. Драгана Лазаревиќ, се оженила за Јован Шишман, цар на Трново.
    3. Теодора Лазаревиќ, се оженила за Никола II Горјански.
    4. Елена Лазаревиќ Балшиќ Храниќ (?-1443), се оженила за Ѓураѓ II Балшиќ и за Сандал Храниќ Косача.
    5. Стефан Лазаревќ, кнез од 1389-1402, и деспот од 1402-1427. Се оженил за Елена Гатилузио.
    6. Оливера Лазаревиќ, одведена во харемот на Бајазид I.
    7. Вук Лазаревиќ (?-1410), кнез.
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads