Лазар Велков
македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лазар Велков познат како Дивљанец или Дивљански, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.
Remove ads
Животопис
Роден е во скопското село Дивле, тогаш во Отоманското Царство. По професија е ѕидари. Влегува во Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација во 1896 година, го предводел селскиот комитет во Дивле и извршувал курирски задачи. Во 1906 година е уапсен од властите и осуден на 15 години затвор. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестира. По 1910 година станува војвода на обновена ВМОРО во Скопско.
За време на Првата балканска војна во 1912 година Велков дејствува со четата во Скопско и ги помага сојузничките сили. По Втората балканска војна во 1913 година е уапсен од новите српски власти во Вардарска Македонија и фрлен во затвор во Белград. Во 1914 година успева да избега и во 1915 година се вклучува во чета, со која навлегол во Кумановско. Подоцна дејствува со чета во Скопско [1][2]. Во 1917 година го потпишува мемоарот на македонските Бугари од Македонија од 27 декември 1917 година [3].

По Првата светска војна се вклучува во дејноста на обновената ВМРО на Тодор Александров и повторно станува војвода на чета во Скопско. Негов секретар во 1924 година е Петар Станчев [4].
Лазар Велков е тешко повреден во 1924 година во борба со српските сили во месноста Островица помеѓу селата Живине и Колицко и се самоубива [5][6]. Како војвода го заменува Петар Станчев [7].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads